Top Sport

Преговорите Абрамович-Лампард ќе се одвиваат на луксузната јахта „Еклипс“

Френк Лампард ќе разговара со газдата на Челси, Роман Абрамович за преземањето на тренерската позиција во Челси на јахтата од 450 милиони евра „Еклипс“, која е вкотвена во Сен Тропе, Франција, јавуваат британските медиуми.

Заминувањето на Маурицио Сари во Јувентус отвори шанса легендата на клубот, Лампард да се врати на „Стемфорд бриџ“ по релативно добрата работа која ја заврши со второлигашот Дерби каунти, кој беше на чекор до враќање во Премиер лигата.

Сопственикот на Дерби, Мел Морис најави дека ќе бара милиони за 40-годишниот Лампард, кој помина 13 сезони во Челси, но тоа тешко дека ќе биде проблем за Абрамович.

Огромната јахта на рускиот милијардер во Франција има 24 кабини за гостите, два базени, сауна, ноќен клуб, мала подморница, но и сопствен ракетен систем за одбрана.

Scroll to Top