Top Sport

Наместо да му помогнат, тие го прегазија (видео)

Од Бразил доаѓа еден интересен момент, кога во дуелот на младинските тимови на Тринидаде и Фламенго медицинското возило наместо да му помогна на фудбалерот му го прегази стапалото.

Фудбалерот на Тринидаде лежеше на тревата во болки, по што медицинската помош навистина му „помогна“. Интересно беше што со-возачот на медицинското возило го сфати инцидентот како смешен, иако на фудбалерот сигурно не му беше до смеење. И покрај ова, Тринидаде стигна до 1:0 победа.

Scroll to Top