Top Sport

Севилја го сакаат Мората на позајмица, Монако се премислува за Фабрегас

Желбата на Челси да се ослободат од Алваро Мората и Цеск Фабрегас останува, но за договор засега треба да се почека.

Севилја почнаа преговори со агентот на напаѓачот Мората, но би сакале да го добијат само на позајмица до крајот на сезоната. Клубот од Андалузија е подготвен да ја подмири неделната плата на Мората од 140.000 фунти неделно во обид да ја освојат титулата, бидејќи во моментов се на третото место на табелата со 7 поени помалку од Барселона.

Челси, пак, би сакале прво да најдат замена за Мората во текот на јануарскиот преоден рок пред да решат да се ослободат од него. Мората дојде во Челси од Реал Мадрид за 58 милиони фунти во летото 2017 година, но 25-годишниот напаѓач не беше доволно стабилен пред голот и има 24 гола во 72 настапи за клубот од западен Лондон.

Од друга страна, трансферот на Фабрегас во Монако, кој изгледаше сигурен, сега е пред колапс, откако Челси бараат 12 милиони фунти за неговите услуги.

Фабрегас веќе се збогуваше со фановите на Челси во саботата во дуелот од ФА купот против Нотингем, а денеска Маурицио Сари изјави дека е подобро тој да замине за „негово добро“. Останува да се види дали ќе има договор во следните неколку дена.

Scroll to Top