Британските медиуми тврдат дека британската влада не успеала да издејствува УЕФА да го пресели финалето од Лигата на шампионите помеѓу Манчестер сити и Челси да се одигра наместо во Истанбул на „Вембли“ во Лондон, но наместо тоа како компромис е понудено финалето да се игра во Португалија.
Британската влада не сакала да се согласи да се откаже од правилото за карантин при пристигнувањето во Велика Британија за 2.000 официјални лица на УЕФА и новинари ако финалето се игра во Лондон, бидејќи Турција е на „црвената листа“ на Велика Британија. Според „Тајмс“, најверојатен компромис се убавите големи стадиони во Лисабон и Порто, а како утеха, Истанбул ќе добие организација на едно од следните финалиња.
Минатата година, финалето исто така требаше да се игра на „Ататурк стадионот“ во Истанбул, но беше преселено во Португалија, во формат на Фанјал фор, со еден натпревар наместо два од полуфиналињата. Португалија е на „зелената листа“ на Велика Британија, односно нема потреба за карантин по пристигнувањето од оваа земја.