Top Sport

Наместо во Белфаст, Суперкупот ќе се игра во Истанбул

Суперкупот на Европа за оваа сезона, УЕФА има намера да го пресели од Белфаст во Истанбул. На овој начин, УЕФА, сака да му се оддолжи на Истанбул, кој вторат година по ред остана без организацијата на финалниот меч во Лигата на шампионите.

Челси и Манчестер сити на 29.мај, требаше во Истабул да се борат за титулата во Лигата на шампионите, меѓутоа УЕФА го пресели финалето во Порто, поради неповолната епидемиолошка ситуација во Турција.

УЕФА како некој вид на компензација се обидува на Турците да и го понуди финалето во Суперкупот на 11.август, а исто така планот на УЕФА е финалето во Лигата на шампионите да се одигра во Истанбул во 2023 година.

Во финалето на СУперкупот оваа сезона можно е да играат два тима од Англија, па дури и двата тима да бидат од Манчестер.

Scroll to Top