Top Sport

Нани: Јунајтед не ми дозволија да отидам во Јувентус

Португалската фудбалска легенда, Нани, вели дека бил многу блиску до трансфер во Јувентус во 2014 година пред во последен момент Манчестер јунајтед да се предомислат и да не го склучат договорот, нешто за што уште им е лут.

Нани пристигна на „Олд Трафорд“ од Спортинг Лисабон во 2007 година и беше клучен дел од последната генерација под водство на Сер Алекс Фергусон, пред во финишот на кариерата да не добива големи шанси.

„Кога го продолжив договорот во 2013 година се повредив, но имаше многу понуди и клубот сметаше дека сигурно ќе останам. Кога видов дека и децата играа, а јас не, знаев дека треба да заминам. Се согласив да отидам во Јувентус и работата беше готова. Но, во последен момент, Јунајтед решија дека не треба да ме продаваат. Ги прашав зошто и тие ми кажаа: ’Ти мораш да останеш’. Кога дојде Луис ван Гал, тој ми кажа дека ќе направи промени и кога добив шанса се вратив во Спортинг“, открива Нани во интервју за „Трибуна експресо“.

Нани ќе пристигне во Италија три години подоцна, кога играше една сезона за Лацио (2017/18) како позајмен фудбалер од Валенсија, по што се врати во Шпанија. Тој уште е активен во МЛС лигата во тимот на Орландо сити.

Scroll to Top