Top Sport

Вајт жали што не го донел Емелианенко во УФЦ

Шефот на УФЦ, Дејна Вајт тврди дека бил многу блиску до организирање на супер-меч помеѓу руската ММА легенда Федор Емелианенко и Брок Леснар пред неколку години, признавајќи дека тоа е единствениот меч за кој жали што не го направил.

Статусот на Емелианенко како легенда во ММА е осигурана по неговите две децении во професионалните борби, и 46-те меча воглавно во Јапонија и неговата родна Русија. И покрај ова, тој никогаш не се борел под најпопуларната категорија ММА, и Вајт вели дека биле многу блиску до договор.

Во 2013, Вајт и УФЦ се обиделе да го организираат најголемиот меч во историјата, дуел на „АТ&Т стадионот“ во Далас.

„Единствениот меч кој никогаш не успеав да го направам е дуелот Брок Леснар-Федор Емелианенко во Тексас. Но, не можевме да се договориме со Федор иако разговаравме повеќе пати. Бевме блиску до договор неодамна, пред да почине неговиот татко, кога дојде крајот“, изјави Вајт во интервју со веб-сајтот на УФЦ.

Наместо овој дуел, Емелианенко направи пауза од повеќе од три години, пред во 2015 година да го победи Синг Џаидип во дуел од РИЗИН федерацијата, пред да се договори со Белатор за пет меча. Тој неодамна најави дека го имал последниот дуел – на 29 декември го победи Квинтон „Ремпиџ“ Џексон со нокаут во првата рунда.

Scroll to Top