Top Sport

Нани: Му кажав на Бруно Фернандеш никако да не оди во Сити!

Пред манчестерското дерби овој викенд, поранешниот фудбалер на Јунајтед, Нани открива дека го убедувал Бруно Фернандеш да не потпишува со Манчестер сити додека беа соиграчи во Спортинг пред две сезони.

Нани, кој до 2014 го носеше дресот на „ѓаволите“ сега е фудбалер на Орландо сити во МЛС лигата. Фернандеш, пак, дојде на „Олд Трафорд“ во јануари за 55 милиони евра и тој веднаш одговори со три гола и две асистенции во првите седум меча со клубот, а доби пофалба дури и од обично намрштениот Пол Сколс, кој изјави дека со 25-годишниот Португалец повторно може да ги гледа мечевите на Јунајтед.

Нани, со четири титули од Премиер лигата со Јунајтед, вели дека веднаш го забележал талентот на Фернандеш.

„Кога играв со него, веднаш видов голем квалитет и потенцијал. Еден ден во разговор со него да го мотивирам му кажав дека треба да оди во Премиер лигата, бидејќи таму неговиот стил на игра ќе го почитуваат и тој ќе постигнува убави голови од далеку и ќе ги полудува фановите. Кога дознав дека има шанса, му кажав: ’Никако не оди во Сити, не бирај друг клуб оди во Манчестер јунајтед’. Неколку месеци подоцна тоа се оствари“, вели Нани во интервју за порталот „Гол“.

Scroll to Top