Top Sport

Падерборн остана „закован“ на дното – Келн со нови три поени (видео)

Во првиот меч од 25. коло во Бундеслигата, „фенерџијата“ Падерборн повторно загуби, овојпат дома со 1:2 од Келн, за да остане на последното месот на табелата со малку шанси за опстанок во елитата.

Келн дојде во водство преку Шпанецот Хорхе Мере во 28. минута, за во 36. минута Јонас Хектор да зголеми на 0:2, а двата гола беа постигнати по асистенција на Марк Ут. Падерборн во второто полувреме преку Денис Србени намали на 1:2, но не успеа да направи целосен пресврт.

Келн по 25 кола е на 10. место на табелата со 32 поени, додека Падерборн има само 16 на дното, дури девет од безбедната зона.

Scroll to Top