Легендарниот португалски крилен напаѓал, Нани кој беше дел од последната голема генерација на Манчестер Јунајтед открива како фудбалерите во најквалитетната европска лига го „лекуваат стресот“ што мораат да играат на „Боксинг деј“ и на Нова Година.
Додека фудбалските фанови ширум светот се веселат, јадат, пијат опкружени со најблиските, фудбалерите во Премиерлигата играат битни мечеви на секои 2 дена. Таквите напори фудбалерите мораат да ги дочекаат фокусирани, напнати, без празнични трпези и ноќни излегувањ, но и без пиење алкохол.
Сепак 33-годишниот Нани кој сега е играч на американската екипа Орландо вели дека фудбалерите „вентилот“ го наоѓаат во алкохолот.
„Сакав да излегувам и да се забавувам додека играв за Јунајтед, нема да лажам. Поради притисокот на кој фудбалерите се изложени мора некако да се опуштат. Тоа го правев и јас, но и сите фудбалери таму, посебно кога следниот ден е слободен. Постојат и важни исклучоци од тоа правило, посебно за Божик и Нова Година. Тогаш на никого во Англија не му е битно што правите, дури ни на Алекс Фергусон. На Нова Година регуларно игравме и трениравме пијани. Тренерот разбра под каков стрес и притисок сме, па имавме „попуст“ – раскажува Нани.