Top Sport

Ибрахимовиќ: Едвај чекам сите повторно да скокаат од радост на „Сан Сиро“ (видео)

Шведскиот фудбалски интернацоналец, Златан Ибрахимовиќ попладнево пристигна на аеродромот во Милано. Тој изјави дека пресреќен што повторно се враќа во Милано и рече дека едвај чека да ги види навивачите на Милан, на „Сан Сиро“.

„Се сеќавам дека дојдов на ова исто место пред повеќе години. Најважно е тоа што сум повторно тука и сум навистина среќен. Секогаш велев дека ова е мојот дом и еве конечно сум назад. Играв и за други тимови во мојата кариера, но сега сум назад и тоа е најважно. Едвај чекам да ги видам сите на ‘Сан Сиро’ и да направам стадионот повторно да скока од радост“ – изјави Ибрахимовиќ.

Scroll to Top