Top Sport

Нант за полувреме го растури ПСЖ

Фудбалерите на ПСЖ го забележаа вториот пораз во Лига 1. „Светците“, вечерва беа поразни во Нант со 3:1. Нант со оваа победа се доближија до местата кои носат пласман во Лигата на шампионите. ПСЖ и покрај поразот ќе ја задржат двоцифрената предност во однос на Марсеј.

Нант за само едно полувреме го растури ПСЖ. „Канаринците“ два гола постигнаа во првите 15 минути, преку Коло Муани и Мерлин. Во првата минута од надополнувањето на времето во првото полувреме, Биас од пенал зголеми на 3:0.

На стартот од вториот дел, во 47.минута Нејмар ја намали предноста на Нант. Бразилецот во 59.минута не успеа да реализира пенал. До крајот Нант успеа да ја одбрани предноста.

Scroll to Top