Top Sport

Навивач починал на натпреварот Динамо-Севилја

Трагичен настан на јужната трибина на стадионот „Максимир“ во Загреб, го обележа синоќешниот натпревар на Динамо Загреб и Севилја во Лига Европа.

Динамо победи со 1:0, со голот на Мислав Оршиќ од пенал, но не успеа да се пласира во осминафиналето.

Во текот на натпреварот, му се слошило на еден навивач на јужната трибина. Лекарите експресно реагирале, му укажале помош, бил префрлен во болница каде починал.

Трагичниот настан по натпреварот го потврдил тренерот на Динамо, Жељко Копиќ, кој упатил сочувство до семејството на навивачот.

Scroll to Top