Фудбалерите и тренерите на нигерискиот фудбалски клуб Ифеањи Убах биле нападнати од вооружени луѓе во градот Каба додека патувале со нивниот автобус за меч со Џигава голден старс, застрелувајќи го возачот на автобусот и ранувајќи повеќе фудбалери.
„Нашите фудбалери кои патуваа во Кејно за мечот од Нигериската премиер лига беа нападнати од вооружени напаѓачи. Благодариме на Господа, никој не загина. Меѓутоа, возачот беше застрелан, а дел од тренерскиот тим и од фудбалерите беа критично повредени. Тие се во болница“, се вели во соопштението на клубот.
Иако се работи за првата лига во Нигерија, повеќето клубови се толку сиромашни што долгите патувања низ земјата ги прават со автобус, каде што честопати се мета на ограбувачи. Пред пет години, тимот на Кејно пиларс исто така беше нападнат со огнено оружје, во инцидент во кој беа повредени пет нивни фудбалери.
Our players and officials were attacked by armed robbers along Kabba junction near Lokoja this afternoon on their way to Kano to honour Sunday's @LMCNPFL #MD6 fixture against Jigawa Golden Stars. pic.twitter.com/reYdN2hWvA
— FC Ifeanyi Ubah (@FCIfeanyiUbah) November 29, 2019