Top Sport

„Нападот на автобусот е чин на одмазда“

Навивачите на Ривер Плата кои се наречени „мафија на аргентинскиот фудбал“ се обвинети за нападот на клупскиот автобус на Бока Јуниорс. Нападот го одложи финалниот реванш во Копа Либертадорес помеѓу двата тима на неодредено време.

Градоначалникот на Буенос Аирес, Орасио Родригез Ларета, соопштил дека нападот бил одмазда на ултрасите на Ривер Плата, бидејќи ден пред натпреварот бил уапсен лидерот на екстремната навивачка група, која се нарекува Бара Браво.

При апсењето полицијата конфискувала 210.000 фунти и 300 билети за натпреварот.

„Проблемот се вика Бара Брава. Тоа е мафијашка група која во фудбалот е веќе 50 години. Тие се виновни за инцидентите. Се што се случуваше во саботата е поврзано со апсењето што се случи ден претходно. Постоеше забрана за 300 луѓе. Тие не смееја да влезат на стадионот, тие ги предизвикаа инцидентите. Тоа беше чин на одмазда“, рекол Родригез.

Одлуката кога и во кој термин ќе биде одигран финалниот реванш ќе биде донесена во вторник.

Scroll to Top