Top Sport

Напаѓач на Молде го засили Челси

Младиот напаѓач од Брегот на Слоновата Коска, Давид Датра Фофана, на првиот ден од новата година ќе стане фудбалер на Челзи.

20. годишникот доаѓа од редовите на норвешки Молде, каде што целосно експлодираше по заминувањето на Охи Омоиџуамфо, во чија сенка беше, во Црвена звезда.

Иако официјално не е објавено колку изнесува оштетата, медиумите шпекулираат дека Челси во касата на Молде ќе уплати 12.000.000 евра.

Фофана постигна 21 гол и забележа седум асистенции на 37 натпревари.

Scroll to Top