Top Sport

Напаѓач од Гвинеја ќе го засили Ливерпул

Европскиот првак Ливерпул не е активен на трансфер пазарот во летниот преоден рок. Јирген Клоп вели дека не му се потребни засилувања бидејќи тимот е доволно квалитетен за борба на сите фронтови.

Сепак, во финишот на преодниот рок (во Англија трае уште една недела), Ливерпул сепак ќе потрошат некоја фунта за да ја освежат напаѓачката линија.

Клоп и Ливерпул ќе се обидат да го донесат напаѓачот на Бород, Франсоа Камано, чија цена е околу 25 милиони евра. Инаку, Камано е соиграч на Наби Кеита во репрезентацијата на Гвинеја. Минатата сезона постигнал 10 гола за Бордо во францускиот шампионат.

Камано во тимот би требало да биде алтернатива за стандардната тројка во нападот Мане-Салах-Фирмино.

Англиските медиуми шпекулираат дека во Ливерпул би можел да пристигне и голманот Фрејзер Фостер кој би му бил резерва на Алисон Бекер.

Scroll to Top