Top Sport

Напаѓачите на Озил и Колашинац добија 100 години затвор

Во ноември 2019 година двајца напаѓачи, низ лондонските улици се обидоа да ги ограбат Месут Озил и Сеад Колашинац. Грабежот не им успеа, бидејќи Колашинац совлада еден од напаѓачите и стана интернет сензација.

Полицијата експресно, по инцидентот, ги идентификувала и уапсила напаѓачите. Откако биле уапсени двајцата напаѓачи, полицијата открила дека станува збор за добро организирана банда, која во перидот од април 2019 до јуни 2020 година вршела грабежи низ Лондон.

Осумчлената банда заврши зад решетки. Вчера е објавено дека судот им изрекол казна завор од преку 100 години.

Најлошо минал Џордан Нортхувер, кој му се заканувал на Колашинац со метална шипка. Бидејќи претходно лежел во затвор шест години, тој бил осуден на 18 години затвор.

Scroll to Top