Top Sport

Тухел најдобар тренер во Премиер лигата во март, Ихеаначо најдобар фудбалер

Менаџерот на Челси, Томас Тухел доби признание за својот непоразен старт со „сините“, освојувајќи ја наградата за најдобар тренер во Премиер лигата во март, додека напаѓачот на Лестер, Келечи Ихеаначо ја доби наградата за најдобар играч.

Челси во март ги совладаа Евертон и Ливерпул, по што одиграа 0:0 на гости кај Лидс за да го заддржат совршениот старт на поранешниот тренер на Пари Сен-Жермен. Челси беа деветти на табелата кога Тухел го замени Френк Лампард на крајот на јануари, по што под новиот тренер имаат 14 меча без пораз во сите натпреварувања за да влезат во топ 4 и да одат понатаму во Лигата на шампионите и ФА купот.

„Наградава не може да биде можна без напорната работа на мојот тим, кој работи за успех. Фудбалерите дадоа максимум откако пристигнав и сакам оваа серија да трае до крајот на сезоната“, изјави Тухел.

Ихеаначо пак, постигна пет гола во три меча од Премиер лигата за Лестер, вклучувајќи хет-трик во 5:0 победата над Шефилд јунајтед. Нигериецот исто така стрелаше при 1:1 ремито со Барнли и 2:1 победата над Брајтон. Во ФА купот, тој постигна два гола за 3:1 победа над Манчестер јунајтед, за првпат по 39 години, Лестер да влеат во полуфиналето.

Scroll to Top