Top Sport

Напаѓачот на Езил и Колашинац доби долга затворска казна

Напаѓачот на фудбалерите на Арсенал, Месут Езил и Сеад Колашинац, добил десет годишна затворска казна.

Ешли Смит е осуден откако признал дека се обидел да им ги украде часовниците на фудбалерите вредни 200.000 фунти, објавија британските медиуми.
Судијата 30 годишниот Смит го опишал како „криминалец со кариера“ кој од претходно и бил познат на полицијата и кој веќе лежел в затвор поради грабежи.

Соучесникот на Смит, Џордан Нортвотер, кој исто така го признал делото, во текот на месецов ќе ја дознае својата казна.

Инцидентот се случил на 25 јули во Лондон. На снимките од безбедносните камери се гледа како двајца мажи ги паркираат моторите пред автомобилот во кој биле Езил и Колашинац, со намера да ги ограбат.

Колашинац излегол од автомобилот во обид да се пресмета со крадците. Езил избегал со возилото, во кој биле и нивните сопруги.

Scroll to Top