Top Sport

Вориорс се проколнати, Кари ја пропушта сезоната

Најдобриот играч на Голден стејт Вориорс Стеф Кари најверојатно ќе ја пропушти целата сезона поради повреда на дланката. Двократниот МВП во лигата доживеа фрактура на раката на натпреварот со Финикс Санс пред две недели.

Прогнозите беа дека Кари ќе паузира околу три месеци, меѓутоа американските медиуми објавија дека за него оваа сезона е завршена. Доколку тоа е така тоа значи дека тој нема да биде ниту во репрезентацијата на САД за Олимписките игри во Токио.

Вориорс имаат голем проблем со повредите на своите најдобри играчи, Томсон нема да игра оваа сезона која веројатно заврши и за Кари, а подолг период ќе отсуствува и Грин. Исто така на последните три натпревари во тимот го немаше ниту Расел.

Scroll to Top