Фудбалерот на Штутгарт Силас Вамангитука би можел да има проблеми со законот откако „Лекип“ го обвини дека го лажирал идентитетот.
Според францускиот медиуми играчот за кого Штутгарт платиле осум милиони евра не е Силас Вамангитука, туку дека се работи за Силас Мвумпа Катомпа.
Во целата приказна се вклучиле и фудбалскиот клуб Етанчеите од Конго. Тие тврдат дека Катомпа бил под договор со нив пред да се пресели во ФК Париз, а потоа и во Штутгарт.
Од друга страна во германскиот клуб се сигурни дека станува збор за Вамангитука.
„Се обидувам да му помогнам колку што можам. Тој е молчлив дечко. Размислува само за фудбалот. За нас е важно она што тој го покажува на теренот“, рекол тренерот на „швабите“, Тим Валтер.
Вамангитука сезонава на 12 натпревари има постигнато четири гола во втората лига на Германија, Цвајта.