Пред два дена Парма го победи Наполи со 2:1 со што на три кола до крајот на Серија А обезбеди опстанок.
Мечот на „Тардини“ беше решен со удри од белата точка, иако сите пенали не беа сомнителни само за ВАР-технологијата.
Два дена по мечот Наполи го „наплати“ опстанокот што го избори Парма. Клаузулите за откуп на тројца играчи на Наполи кои сезонава беа на позајмица во Парма автоматски се активираа со изборениот опстанок во Серија А.
Наполи од тие трансфери ќе заработи 32 милиони евра. За напаѓачот Инглесе Парма ќе плати 20 милиони евра, седум милиони за Граси и околу пет милиони евра голманот Сепи.