Top Sport

Наполи е несопирлив

Наполи оствари уште една убедлива победа во Серија А откако на стадионот „Диего Армандо Марадона“ го совлада Сасуоло со 4:0. Сега „наполитанците“ имаат 32 освоени бода по 12 одиграни кола.

Виктор Осимен по само четири минути го отвори резултатот, а до крајот на мечот комплетираше хет – трик. Кварацхелија имаше две асистенции, а потоа и самиот се запиша меѓу стрелците.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса од 56.минута од овој натпревар.

Scroll to Top