Калиду Кулибали нема да може да им помогне на соиграчите од Наполи во наредните неколку натпревари. Сенегалецот се повреди на натпреварот против Парма по само пет минути игра.
Наполи не објави каква повреда заработил Кулибали, додека италијанските медиуми објавија дека тој ќе паузира еден месец.
Кулибали ќе ги пропушти мечевите против Сасуоло и Лацио во првенството, односно Перуџа во Серија А.