Top Sport

Наполи го доби Оспина, ќе мора да го купи ако ја освои титулата

Голманот на Арсенал, Давид Оспина го комплетираше трансферот во Наполи, и на „Сан Паоло“ ќе игра како позајмен играч една сезона, со обврска неговиот договор да биде откупен доколку „партенопеи“ ја освоијат титулата во Серија А.

Наполи бараше трет голман во својот состав откако Алекс Мерет се повреди на првиот тренинг, а Орестис Карнезис не ги задоволи потребите на новиот тренер на тимот, Карло Анчелоти.

Оспина пристигна во Италија уште во понеделникот и беше со тимот кој со воз отпатува за Рим за дуелот со Лацио утревечер.

Сега, Серија А, потврди дека Колумбиецот доаѓа во Наполи како позајмен играч.

Scroll to Top