Top Sport

„Џинот“ Калараш за посилен Вардар

Вардар ќе се засили со уште еден руски репрезентативец, „џинот“ Глеб Калараш, кој доаѓа од германскиот Магдебург, каде што самиот побарал раскин на договорот.

Калараш треба да биде замена за Мијајло Марсениќ, бидејќи се работи за пикер висок 205 сантиметри, кој поголемиот дел од кариерата ја помина во рускиот Мотор.

Од Вардар уште го немаат потврдено потписот на 27-годишниот Русин, иако Магдебург потврди дека Калараш веќе не е нивни ракометар, и на негово место го донесоа шпанскиот репрезентативец Игнасио Плаза.

Scroll to Top