Top Sport

Зверев и Медведев со сигурен старт на Флешинг Медоуз

Светскиот рекет број 12, Александер Зверев и светскиот број 3, Данил Медведев без проблеми го минаа првото коло на САД опен – Германецот Зверев со 6:4/6:4/6:4 за два часа и 11 минути го совлада Австралиецот Александар Вукиќ, додека Русинот Медведев го збриша Унгарецот Атила Балаж со 6:1/6:1/6:0 за само час и 17 минути.

Зверев во првите два сета направи еден брејк кој беше доволен да има голема предност, освојувајќи 86 отсто од поените на прв сервис, и во второто коло ќе се судри со подобриот од мечот помеѓу Даниел Алтмаер и Констан Лестиен.

Во второто коло е и Италијанецот Матео Беретини, кој со 6:4/6:2/6:2 го совлада Французинот Иго Умбер, за дуел со Артур Ринденкерх, кој го совлада Диего Шварцман во три сета.

Scroll to Top