Top Sport

Наполи го има Дрис Мертенс!

Тимот на Наполи стигна до деветтата победа во 10 меча во Серија А, за по еден ден да се врати на првото место на табелата по тешката 3:2 победа на гостувањето кај аутсајдерите Џенова.

По вчерашната победа на Интер, тимот од Милано накратко се најде на лидерското место, но „наполитанците“ сега повторно се лидери.  Натпреварот почна лошо за Наполи, откако Адел Тарабт уште во четвртата минута ги донесе домаќините во водство, меѓутоа тогаш на сцена стапи Дрис Мертенс, кој со хет-трик донесе водство од 3:1.

Џенова успеа да врати уште еден гол преку Армандо Ницо на 15 минути пред крајот на натпреварот за  да го направи финишот интересен. Македонскиот капитен Горан Пандев доби шанса во 84. минута од мечот, но до крајот не успеа да помогне Џенова да освои поен.

Јувентус го декласираше новиот прволигаш СПАЛ со 4:1 победа, додека Рома со гол од пенал ги совлада упорните Кротоне. Сепак, најважната победа најверојатно ја оствари Милан, откако со 4:1 славеше на гостувањето во Верона кај Киево за да се намали притисокот на тренерот Винченцо Монтела по низата слаби игри.

СЕРИЈА А, 10.КОЛО

Аталанта – Верона 3:0

Каљари – Беневенто 1:0

Киево – Милан 1:4

Фиорентина – Торино 3:0

Џенова – Наполи 2:3

Јувентус – СПАЛ 4:1

Рома – Кротоне 1:0

Сасуоло – Удинезе 0:1

Болоња – Лацио 1:2

Scroll to Top