Top Sport

Наполи го потврдија Мелузо како нов спортски директор

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис го потврди ангажирањето на Мауро Мелузо како нов спортски директор на актуелниот италијански шампион, откако Кристијано Џунтоли по осум години замина во Јувентус.

Џунтоли беше „креаторот“ на шампионскиот тим на наполитанците, носејќи големи и умни засилувања како Квича Кварацхелија и Виктор Осимен, но реши да го прифати предизвикот на Јувентус. Покрај него, од клубот си замина и од тренерот Лучано Спалети, кој беше заменет со францускиот тренер Руди Гарсија.

Според италијанските медиуми, Де Лаурентис прво преговарал со Фредерик „Рики“ Масара, поранешниот директор на Милан, пред да се реши за Мелузо, кој има огромно искуство во пониските италијански лиги, работејќи со Фоџа, Падова, Пиза, Санџованезе, Терамо, Тернана и Специја.

Scroll to Top