Виктор Осимен сепак ќе ја напушти Европа. Кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.
„Скај Спорт“ штотуку ја објави информацијата дека Аурелио де Лаурентис, првиот човек на Наполи ја прифатил понудата на Ал Ахли тешка 80 милиони евра.
Осимен ќе потпише договор до 2028 година, по сезона ќе заработува 40 милиони. Значи доколку остане во Ал Ахли до крајот на договорот ќе инкасира 160 милиони евра.
Осимен цело лето беше поврзуван со Челзи, но Англичаните кои нудеа најмногу 90 милиони евра, не можеа или не сакаа да ги исполнат финансиските барања на фудбалерот.
Нигериецот на почетокот на летото флертуваше со Пари Сен Жермен, се надеваше дека ќе биде замена за Килијан Мбапе, но Луис Енрике ги прекина преговорите.