Италијанскиот шампион Наполи најверојатно ќе се раздели со тренерот Лучијано Спалети, кој по 33 години го донесе „скудетото“ во Неапол. Претседателот Аурелио де Лаурентис ја искористи клаузулата и автоматски го продолжи неговиот договор што не му се допадна на стратегот кој смета дека требало прво да биде известен за ваквиот потег. По ова, односите меѓу Спалети и клубот се сериозно нарушени.
Ова придонесе раководството веќе да размислува за нови решенија. Италијанските медиуми првично ги најавија Антонио Конте и Рафаел Бенитез како можни кандидати, но „Кориере дело Спорт“ ја донесе веста дека сепак Јулијан Нагелсман е првата желба на Наполи.
Според информациите, Аурелио де Лаурентис веќе имал првични разговори со Нагелсман, и тој е расположен за соработка, но прво треба да биде разрешена ситуацијата со Лучијано Спалети. Тој најавил заминување, но сѐ уште не раскинат неговиот договор со „наполитанците“.