Top Sport

Наполи и Интер со реми, Милан утре може да стане лидер во Серија А

Наполи и Интер одиграа интересно 1:1 реми во дербито на 25. коло во италијанската Серија А, резултат кој ги остава „нераѕурите“ на првото место, но кој значи дека утре Милан со победа над Сампдорија може да стане лидер во тесната трка на трите тима.

Лоренцо Инсиње ги донесе домаќините на „Диего Армандо Марадона“ во водство уште во седмата минута од мечот. Ова беше 115. гол на Инсиње за Наполи со што го помина Диего Марадона како трет најдобар стрелец во историјата на клубот и пред него се само Марек Хамшик и Дрис Мертенс. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра во 26. минута на местото на Матео Политано.

Един Џеко повторно се покажа како клучен за тимот на Симоне Инзаги за да израмни во 47. минута од мечот, а во 69. минута од мечот Самир Хандановиќ имаше фантастична одбрана да спречи гол на Елмас.

Интер, иако победи само еднаш во последните четири меча, останува лидер со 54 поени, еден поен пред Наполи, додека Милан е трет со 52 поени и натпревар помалку.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top