Бразилецот со италијански пасош, Емерсон Палмиери, во летниот преоден рок ќе го напушти Челси. Иако имаше најави за негов трансфер и во зимскиот преоден рок, тој се уште е на „Стенфорд Бриџ“. Емерсон не играше многу кај Френк Лампард, а кај Томас Тухел нема одиграно ниту една минута.
Емерсон имал желба да се врати во Серија А. Според „Калчомеркато“, битка за неговиот потпис ќе водат Наполи и Интер.
Истиот извор наведува дека левиот бек ќе биде слободен за 20 милиони евра. Оваа сума Челси ја плати за него кога тој прситигна од Рома.
Интер бара решение за левата страна, бидејќи Ешли Јанг и Александар Коларов се веќе во ветеранските години, додека Наполи бараат играч кој ќе му биде конкурент за место во тимот на Марио Руи.