Top Sport

Наполи им го нуди Милик на Тотенхем?

Откако трансферот во Рома е речиси сигурно „пропаднат“, Наполи се подготвени да го продадат Аркадијуш Милик во некој премиерлигашки клуб, а Тотенхем се најзаинтересирани, тврди „Тутомеркато“.

Полскиот напаѓач беше договорен со Рома за позајмица со обврска за купување за 18 милиони евра плус 7 милиони евра бонуси, меѓутоа не успеа да се договори за условите за заминување од Наполи, посебно околу некои заостанати плати и казната за „побуната“ во ноември 2019. Со тоа, Рома нема да го продадат Един Џеко на Јувентус, а „бјанконерите“ веќе се договорија со Алваро Мората, кој утре треба да потпише по медицинските тестови за враќање во Торино.

Договорот на Милик со Наполи завршува на крајот на сезоната, така што клубот мора да го продаде или да ризикува да замине како слободен играч. Според „Тутомеркато“, новиот план на Наполи е да се продаде во Тотенхем, каде што веќе се засилија со повеќе фудбалери, како Герет Бејл.

Scroll to Top