Top Sport

Наполи ја одредиле цената за Фабијан Руиз

Фудбалскиот клуб Наполи ја одреди цента за Фабиан Руиз. За шпанскиот репрезентативец интерес покажала неколку клубови, а медиумите најчесто го поврзуваат со Реал Мадрид.

Руиз пред две сезони од Бетис пристигна во Наполи за 30 милиони евра. Тој има договор со наполи до 30 јуни 2023 година.

Наполи се подготвени да му овозможат трансфер, но само под услов некој да плати 100 милиони евра.

Покрај Реал за Руиз се интересираат Барселона, Манчестер сити и Баерн Минхен.

Сепак со оглед на финансиската криза тешко е да се претпостави дека некој ќе ја плати бараната сума.

Реал е во предност бидејќи како адут го имаат Лука Јовиќ кој е прв на списокот на Наполи како засилување за наредната сезона. Се шпекулира дека Реал ќе го понудат Јовиќ и одредена сума на пари за Фабиан Руиз.

Scroll to Top