Top Sport

Наполи ја започна „операцијата Унахи“

Лидерот во Серија А, Наполи, ги крои плановите за летниот преоден рок. Прв на листата, на потенцијални засилувања е Мароканецот Азедин Унахи. 22. годишниот фудбалер на Анже импресионираше со своите настапи на Светското првенство во Катар.

Според информациите на познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио, луѓето од Наполи веќе стапиле во контакт со менаџерите на момчето од Казабланка со идеја на лето да се пресели во подножјето на Везув.

Со оглед на тоа што тој има договор со Анже до летото 2026 година, Наполи ќе треба да плати оштета. Неофицијално, Французите за трансферот на мароканскиот играч за врска бараат од 20 до 25 милиони евра.

Тоа не е сума што Наполи не може да си ја дозволи, особено во ситуација кога прави сигурни чекори кон третата титула во својата историја, прва по ерата на Диего Марадона, со кого ги доживеа најсветлите моменти во 1987 и 1990 година.

Азедин Унахи пристигна во Стразбур како 18. годишник, но не се проби во првиот тим, па две години подоцна се пресели во третолигашот Авранш, каде беше забележан од скаутите на Анже кои го ангажираа во летото 2021 година.

Scroll to Top