Top Sport

Наполи ќе го задржат Спалети до 2025

Наполи се договориле со Лучано Спалети да остане тренер на клубот до летото 2025 година, тврди „Калчомеркато“, ставајќи крај на шпекулациите дека постои конфликт со претседателот Аурелио де Лаурентис.

Спалети во петокот навечер бил на вечера со Де Лаурентис и генералниот директор на клубот, Андреа Кјавели, каде што се договориле сите детали. Клубот неодамна ја активирал клаузулата во договорот на Сплаети за да активираат продолжување до 2024 година, но според „Калчомеркато“, 64-годишниот тренер се договорил за зголемување на платата од 2.8 милиони евра на 3.5 милиони евра годишно.

Тие додаваат дека договорот ќе биде потврден на 18 мај, кога клубот ќе ги објави деталите за летната пред-сезона.

Scroll to Top