Top Sport

Галтие за свирежите кон Меси: Тој е навикнат!

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Кристоф Галтие вели дека Лионел Меси се навикнал да игра во непријателска атмосфера, откако вчера навивачите на францускиот клуб го исвиркаа. По укинувањето на двонеделната суспензија за патувањето во Саудиска Арабија, Меси беше пречекан со свирежи на „Паркот на принцовите“, иако тие се стишаа како мечот со Ажаксио течеше.

„Лео остана фокусиран цeл натпревар со желба да го предводи тимот и да создава шанси. Тој е навикнат на такви ситуации во текот на неговата кариера. Не верувам дека му значеше многу“, вели Галтие.

Scroll to Top