Наполи, во зимскиот преоден рок, ќе ги решава кадровските проблеми. Тренерот Лучано Спалети побарал тимот да се засили на левата бековска позиција. Мета на клубот се еден поранешен и еден актуелен француски репрезентативец.
Прва опција е Лавин Курзава од ПСЖ. Курзава сезонава има одиграно само еден натпревар. Курзава е играч на ПСЖ од 2015 година.
Втора опција е Лукас Дињ играчот на Евертон. Дињ, од почетокот на сезоната настапил на 15 натпревари. На последните натпревари не беше во конкуренција, поради несогласувањата со менаџерот Рафа Бенитез. Дињ има искуство од Серија А, во сезоната 2015/16 го носеше дресот на Рома.
Наполи сезонава се бори за скудетото. на табелата, тимот на Спалети има четири бода помалку од лидерот Интер.