Наполи во летниот преоден рок ќе се обидат да го реализираат трансферот на Лука Јовиќ. Српскиот напаѓач сезонава не ги оправда 60 милиони евра што во него ги вложи Реал Мадрид.
Наполи се во потрага по напаѓач за наредната сезона откако Аркадиуш Милик одби да го продолжи договорот и најави заминување. Полскиот репрезентативец го поврзуваат со Милан и Атлетико Мадрид.
Наполи целат кон Јовиќ, иако во нивните планови се наоѓа и Чиро Имобиле. Во клубот процениле дека трансферот на Јовиќ можат полесно да го реализираат. Познато е дека претседателот на Лацио Клаудио Лотито е тврд преговарач, а згора на тоа Лацио му понудиле нов договор на Имобиле.
„Апсурд – полесно е да донесете играч на Реал него на Лацио“, пишува на порталот „Форца Наполи“.