Top Sport

Наполи лесно со Беневенто (Видео)

Наполи победи кај Беневенто 2:0 во претпоследниот натпревар од 23.коло во италијанската Серија А. Со оваа победа Наполи повторно се врати на челната позиција на табелата со поен повеќе од Јувентус.

Наполи без проблеми го совладаа последнопласираниот тим во лигата, кој го забележа 20.пораз од почетокот на сезоната.

Дрис Мертенс постигна мајсторски гол во 20.минута со кој го отвори резултатот. Во второто полувреме победата на Наполи ја потврди Марек Хамшик.

Scroll to Top