Top Sport

Сидорф нов тренер на Депортиво

Откако му врачија отказ на Кристобал Парал, челниците на Депортиво Ла Коруња нов тренер најдоа во Холанѓанецот Кларенс Сидорф.

Парал доби отказ по петочниот пораз од Реал Сосиедад (5:0). Клубот најпрвин го контактирал Мартин Лесарте, а кога тој ја одбил понудата, започнале преговорите со Сидорф.

Според неколку шпански медиуми Сидорф бил еден од неколкуте кандидати до кои клубот испратил понуди, но во исто време бил единствениот кој ја првифатил понудата.

Депортиво со само четири победи, пет нерешени и 13 порази се наоѓа во опасната зона со само 17 бода по 22 одиграни натпревари.

Кларенс Сидорв во кариерата бил тренер на Милан и Шенжен.

Scroll to Top