Top Sport

Дефанзивецот на Мец, Кабит сериозно повреден во сообраќајна несреќа

Дефанзивецот на францускиот прволигаш Мец, Мануел Кабит се наоѓа во болница по сериозните повреди кои ги добил во сообраќајна несреќа во североисточна Франција, додека неговиот соиграч Кевин Н’Дорам, кој патувал со него, избегнал повреди како совозач.

Несреќата се случила во неделата попладне на автопатот во близината на Мец, откако двајцата фудбалери играле при 2:2 ремито со Монпелје по што Мец е на 19. место на табелата.

„Покрај 26-годишниот Мануел Кабит се неговите најблиски инеговото семејство. Сите во Мец му даваме поддршка во овие тешки моменти“, се вели во соопштението на клубот.

Scroll to Top