Фудбалскиот клуб Наполи е заинтересиран за играчот на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми.
Германските медиуми пренесуваат дека Борусија е подготвена да му дозволи на Адејеми да го напушти клубот за отштета од 50 милиони евра.
Преговорите меѓу двата клуба се во тек, а трансферот треба да биде комплетиран до крајот на неделата.
Се очекува Адејеми (23) да биде замена за Хвича Кварацхелија, кој во неделата дебитираше за Пари Сен Жермен.
Тој е член на Борусија од 2022 година, а оваа сезона одигра 14 натпревари за клубот од Дортмунд и постигна пет гола.
Наполи е на првото место на табелата во Серија А со 53 бодови.