Top Sport

Наполи не дозволи „кикс“ против Удинезе, Оспина заврши во болница (видео)

Наполи дозволи Удинезе да се врати од 2:0 негатива на „Сан Паоло“, но на крајот стигна до 4:2 победа за заедно со поразот на Јувентус од Џенова да се доближат на лидерите на сè уште огромни 15 поени.

Амин Јунес и Хозе Калехон донесоа водство за „партенопеи“ од 2:0 по 26 минути игра, но гостите се вратија во игра до полувремето преку головите на Лазања и Фофана за само шест минути. Сепак, тимот на Карло Анчелоти, успеа да слави пред домашната публика откако прво Аркадијуш Милик во 57. минута повторно ги донесе во водство, за Дрис Мертенс во 70. минута да ги постави конечните 4:2. Наполи постигна уште еден гол во 91. минута, но судијата го поништи по консултацијата со ВАР системот.

Наполи речиси го има гарантирано второто место на табелата во Серија А, бидејќи имаат 60 поени, 15 помалку од Јуве, но и девет пред Милан. Удинезе се на 16. место со 25 поени, само еден повеќе од зоната за испаѓање.

Мечот исто така беше одбележан и со повреда на голманот на Наполи, Давид Оспина, кој заврши во болница откако колабираше на теренот.

СЕРИЈА А, 28.КОЛО

Аталанта – Киево 1:1

Емполи – Фрозиноне 2:1

Лацио – Парма 4:1

Наполи – Удинезе 4:2

Scroll to Top