Top Sport

Наполи не го дава италијанскиот врв (видео)

Наполи се врати на првото место во Серија А, откако на крајот стигна до рутинска 3:1 победа над Болоња прескокнувајќи го Јувентус на врвот.

Мечот на „Сан Паоло“, не започна најдобро за домаќините, откако Родриго Паласио постигна гол уште во првата минута за шок на домашните навивачи, но само четири минути подоцна, „партенопеи“ израмнија преку автоголот на Мбаје.

До крајот на полувремето, Наполи веќе беше во водство откако Дрис Мертенс беше повлечен во шестнаесетникот и потоа беше сигурен од белата точка. Белгискиот напаѓач „удри“и во 59. минута со одличен гол запечатувајќи го триумфот на домаќините.

Со шестата победа во низа, Наполи има 57 поени на врвот, еден повеќе од Јувентус, додека Лацио е трет со 46 поени, пред дербито со Милан.

СЕРИЈА А, 22.КОЛО

Кротоне – Каљари 1:1

Фиорентина – Верона 1:4

Џенова – Удинезе 0:1

Наполи – Болоња 3:1

Торино – Беневенто 3:0

Scroll to Top