Top Sport

Наполи не го пушта во Јувентус, Милик е најблиску до Арсенал

Арсенал се најсериозни кандидати за трансферот на напаѓачот на Наполи Аркадијуш Милик тврди „Ла Република“.

За услугите на 26 годишниот полски репрезентативец постои голем интерес. Наполи ќе мора да го продаде бидејќи неговиот договор истекува наредното лето, а тој не успеал да се договори со Наполи околу новиот договор.

За Милик се интересира Јувентус, наводно во Торино биле подготвени да издвојат 50 милиони евра колку што бара Наполи, но првиот човек на клубот Аурелио Де Лаурентис не сакал да ја засилува конкуренцијата во Серија А.

Според „Ла Република“, де Лаурентис ќе прифати помала сума само за да го продаде напаѓачот надвор од Серија А.

Милик на „Емирејтс“ треба да го замени Пјер-Емерик Обамејанг чии договор исто така истекува наредното лето.

Милик во Наполи пристигна од Ајакс за 32 милиони евра во 2016 година. За Наполи одиграл 109 натпревари, постигнал 46 гола. Оваа сезона забележал 22 настапи на кои постигнал 12 гола.

Scroll to Top