Top Sport

Пукна љубовта – Гарај ја напушта Валенсија

Езекиел Гарај се подготвува да ја напушти Валенсија. Клубот нема да му го продолжи договорот кој истекува за еден месец.

Изминатите денови медиумите шпекулираа дека до продолжувањето на соработката помеѓу клубот и фудбалерот не дошло бидејќи Гарај одбил да му биде намалена платата.

За да ги демантира пишувањата на медиумите Гарај решил да ја раскаже својата верзија. Тој на „Инстаграм“ рекол дека клубот се обидува вината да ја префрли на него.

„Прв пат во кариерата решив да се обратам на ваков начин, тажен сум. Сакат да ме претстават како лоша личност. Неколку пати преговаравме околу новиот договор. Клубот секогаш наоѓаше некаков изговор да не дојде до продолжување на соработката. Пред два месец ги прашав дали воопшто ќе добијам нов договор, не добив никаков одговор. Сега кога договорот ми истекува тие велат дека одбивам да ја продолжам соработката поради парите. Тоа не е вистина, тие го знаат тоа. Жалам што на ваков начин заминувам од клубот каде минав неколку одлични сезони“, рекол Гарај.

Аргентинецот во Валенсија пристигна во 2016 година од Зенит. За клубот од „Местаља“ одиграл 92 натпревари, постигнал шест гола.

Scroll to Top