Top Sport

Наполи не победи на Сардинија, Милан останува лидер по лудото коло

Виктор Осимен осигура Наполи да успее да спаси 1:1 реми на гостувањето кај Каљари и да пропушти шанса да се израмни на првото место на табелата по „лудото“ 26. коло во Серија А во кое првите шестопласирани тимови на табелата не запишаа три поени.

Шансата која се отвори откако Милан во саботата доживеа неочекувана сопка против Салернитана со 2:2 ремито, прво не ја искористи Интер во неделата кога загуби дома со 0:2 од Сасуоло, а сега во понеделничкиот меч ниту тимот на Елиф Елмас не се прослави. Покрај овие три клуба, ниту Јувентус, Аталанта и Лацио не успеаја да победат во ова коло.

Овојпат, покрај бледата игра на тимот на Лучано Спалети, најзаслужен за победата на 17-пласираниот Каљари беше голманот на „партенопеи“, Давид Оспина, кој реагираше екстремно лошо во 58. минута од мечот, дозволувајќи му на Гастон Переира да донесе водство на клубот од Сардинија.

Каљари може да жали што не ја искористи иницијативата во поголемиот дел од второто полувреме, пред Осимен во 87. минута да покаже колку е важен за својот клуб со убав гол.

Милан останува лидер во Италија со 56 поени, два повеќе од Интер (иако тие имаат натпревар помалку), Наполи остануваат трети со ист број на поени како Интер, а ако продолжи ваквата форма на топ 3 тимовите, Јувентус ја чека својата шанса на четвртото место со 47 поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top